Македонската репрезентација повторно одигра нерешено без голови.

Овојпат со Романија, директниот конкурент за второто место во групата.


Македонија може да жали за пропуштените шанси. Речиси целиот меч се играше пред голот на гостите но едноставно топката не сакаше да влезе во мрежата. Романците во второто полувреме имаа само две шанси. Сепак тоа е силна репрезентација, со искусни играчи иако можеби не игра атрактивен фудбал. Посебно се истакна нивниот голман Нита кој одбрани неколку зицери.

Шансите за СП се уште се живи. Она што треба е следниот месец најпрво да се победи во Лихтенштајн а потоа да се надеваме на ново чудо со Германија дома.