Полицискиот комесар на Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина, Мевлудин Халиловиќ, потврди дека истрагата за убиството на двајца полицајци извршено пред седум дена, се уште трае и поради сложеноста на случајот побарана е помош од ФБИ.
Тој додаде дека 81 лице се криминалистички обработени, а моментно се вршат одредени вештачења во Ценарот за судска медицина.
Во сараевската населба Алипашино Поле – Ц фаза, во близина на трговскиот центар Бинго, минатиот петок во раните утриснки часови засега непознати сторители со рафален оган пукаа во полициска патрола која ги затекнала во крадење моторното возило.
Истрагата за тој случај се уште трае.
Comments are closed for this post.