Италијанската женска репрезентација е нов европски првак во одбојка. Италијанките вечерва во Белград го победија српскиот тим во четири сета – 24:26, 25:22, 25:19, 25:11.

Ова е прв пораз за Србинките на евро-шампионатите по цели шест години и тоа претрпен во нивната белградска „Арена“.

Италија до трофејот дојде без изгубен меч на турнирот, Србија не успеа да ја одбрани двократната титула.

Во мечот за бронзениот медал, Турција ја совлада Холандија со 3:0