Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова со отворено пратеничко прашање до премиерот бара да реагира на говорот на омраза од негови соработници кон кандидатката за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска.
-Ве прашувам како ЖЕНА, пратеничка и претседателка на Комисијата за еднаквост на жените и мажите.
Во сите извештаи на Конгресот на локални и регионални власти за имплементација на Европската повелба за локална самоуправа во Република Македонија, вклучувајќи го и последниот (од годинава), СО ПРАВО се критикува малиот број жени – кандидатки за градоначалнички, а особено минорниот број избрани градоначалнички: само 6 во 2017 година!
Вие често се декларирате како „ феминист“, па од Вас очекувам да ги стимулирате жените за учество на локалните избори. Ама…
Ќе се одважите ли да реагирате на поплавата од примитивни, патријахални, парохијални, шовинистички, мачоистички, сексистички, мизогини напади врз независната кандидатка за градоначалничка Данела Арсовска од ваши фрустрирани приврзеници, па дури и СОВЕТНИЦИ, или ќе ги толерирате, охрабрувајќи го недоличниот говор и кон другите кандидатки?
Ќе го разрешите ли МАШКИ советникот за инвестиции Николовски заради мизогиниот говор кон Данела, или ќе продолжите да го спонзорирате со 40.000 народни, што значи и ЖЕНСКИ пари? Има ли посрамна инвестиција од онаа во говор на омраза, Ве прашувам”, пишува Гордана Сиљановска- Давкова до премиерот Заев.
Comments are closed for this post.