Од утре, за влез во угостителски објекти, обложувалници,кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на посетители, како и за настани од секаков вид е задолжително поседување, приложување и проверка на сертификат за извршена вакцинација со најмалку една примена доза против Ковид-19 или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување, за лица над 18 години.
„Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите. Дополнително, во сите угостителски објекти, кафулиња и барови опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 посетители/гости/лица, задолжителнo e воспоставување редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката. Додека пак во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата на поседувањето на КОВИД – 19 сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица“, стои во соопштението на Владата.
Оттаму потсетуваат и дека останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави на затворено, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот на местото и ограничен број до максимум 1.000 посетители со задолжително поседување, приложување и проверка на еден од задолжителните Ковид-19 документи.
Comments are closed for this post.