Талибанците, или „студенти“ на паштарски јазик, се појавија во почетокот на 1990 година во северен Пакистан, по повлекувањето на советските трупи од Авганистан.

Првпат се истакнаа во пограничната област на северен Пакистан и југоисточен Авганистан во 1994 година. Ветија дека ќе се борат против корупцијата и ќе ја подобрат безбедноста, а во тоа време многу Авганистанци беа уморни од ароганцијата и меѓусебните конфликти на муџахедините за време на граѓанската војна.

Финансирани се од Саудиска Арабија, проповедајќи ја „тешката струја“ на исламот. Спроведоа своја „строга верзија“ на шеријатот (исламски закон) и воведоа брутални казни.

Пакистан упорно негира дека ги поддржува Талибанците, но многу Авганистанцисе школувале во верски училишта во Пакистан.

Според проценките на НАТО имаат околу 85.000 борци

По мировниот договор САД-Талибан од февруари 2020 година, се чинеше дека Талибанците ја сменија тактиката и од сложени напади во градовите и воените утврдувања се преселија во бран насочени убиства.

Заработуваат дури 1,5 милијарди долари годишно главно од дрога. Авганистан е најголемиот светски производител на опиум, а најголемиот дел од афионот – кој се користи за хероин – се одгледува во области под контрола на Талибанците.

Талибанците, исто така, заработуваат со оданочување на луѓето што патуваат низ територијата што ја контролираат и преку бизниси како што се телекомуникации, електрична енергија и минерали.