Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат се случува шверцерско носење на ребаланс на буџет, директно поттикнато од градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски.
-Седницата на Совет трае се уште и повеќе од 20 часа. За прв пат во историјата на општината се носи ребаланс кој не е поминат на комисија, и без можност за поднесување на амандмани. Се кршат закони, процедури и деловник за работа на општината. Ваквото нечовечно и незаконско работење на градоначалникот Георгиевски покажува насилие и нервоза во носењето на ребаланс што самото укажува дека се штитат криминални интереси на бизнис кругови, се наведува во соопштението на партијата.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во Гази Баба повикува на присуство на јавност и медиуми, со цел да го евидентираат, криминалот и кршењето на процедури кои се одвиваат во овој момент.
Comments are closed for this post.