Вкупно 90 лица го загубиле животот во 69 сообраќајни несреќи што се случиле во Косово од почетокот на годинава до крајот на месец септември, објави денеска косовската полиција на промоцијата на проектот „Концентрирај се на возењето“.
Во истиот период се регистрирани вкупно 11.776 сообраќајни несреќи, а полицијата изрекла 305.863 казни.
Претставникот на полицијата Самедин Мехмети изјави дека Косово е второ во регионот, по Хрватска, по бројот на несреќи, со 7,8 на 100.000 жители.
Мехмети нагласи дека состојбата со безбедноста во сообраќајот годинава е видно влошена, со оглед дека во цела 2017 година загинале 42 лица, главно на возраст меѓу 20 и 30 години.
Во рамките на проектот „Концентрирај се на возењето“ полицијата дели брошури за спречување на сообраќајните несреќи.
Comments are closed for this post.