Македонската звезда Тоше Проевски кој загина на автопатот Загреб-Липовац на влезот во Нова Градишка е во близина на патот каде што денеска се преврте автобус со косовски граѓани.
„Пинк.рс“ пишува дека тоа е проклет пат и многу опасен а тоа го потврдуваат и сообраќајните експерти.
На ова место за десет години се случиле дури 2000 несреќи.
Обичниот човек пак коментира дека при изградбата на некогашниот автопат „Братство-Единство биле соѕидани крстови и надгробни плочи и оти ова што се случува е „чепкање во мртвите“.
Дури има и легенда дека токму на тоа место се појавува жена во црно која веднаш исчезнува.
Comments are closed for this post.