Tрадиционално, во соработка со Град Скопје, на 26 јули, во 21 часот, во Градскиот парк ќе се одржи концертот „Филхармонијата на отворено“.
„Оваа година концертот е посветен на музиката на еден од најзначајните македонски бендови – ‘Архангел’, во оригинална и автентична оркестрација на Џијан Емин. Публиката ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските песни на овој култен македонски бенд, со кој пораснаа многу генерации“, соопштија од Филхармонија.
Оркестрацијата на Емин ги следи авторските компоненти на песните, но оркестрацијата е целосно авторска и оригинална.
Џијан Емин е диригент на овој концерт, а со оркестарот ќе настапи и фронтменот на „Архангел“ – Ристо Вртев.
Comments are closed for this post.