Денеска требаше да се одржи рочиште за случајот Плацовите на Водно“. Но, уште незапочнат овој процес се одлага дури за 19 август.
Од Кривичниот суд велат дека одлагањето е заради барање на одбраната за превод на доказите во случајот на Јавното обвинителство доставени на англиски јазик, на македонски јазик, како и зафатеност на адвокатот поставен по службена должност во предметот означен од обвинителството како „ТНТ“.
Мехмет Сефери е адвокатот кој по службена должност му е доделен на Никола Груевски во случаите „ТНТ“ и Плацовите на Водно“.
Но, она што во судските кругови се коментира е дека на власта и се брза што поскоро да има завршница на случајот поврзан со рушењето на компексот „Космос“. Причина за тоа е што бизнисменот Фијат Цаноски, кој е коалициски партнер на Зоран Заев како отштета треба да добие околу 50 милиони евра.
Comments are closed for this post.