Професорот од Техничкиот Универзитет во Битола, Дејан Трајковски предупредува дека е просто неверојатно со каква лежерност сите се однесуваат кон претстојниот бран, како населението, така и здравствените власти.
Во неговата последна анализа за состојбата со корона вирусот во Македонија пишува дека здравствените власти мудро го одмолчија влегувањето на Делта сојот поради, како што оценува, незаинтересираност и непреземање мерки на границите, како тоа воопшто да не е нивна работа.
-Ќе молчат и понатаму, само ќе гледаат дали има доволно слободни болнички постели, веќе знаеме дека ништо друго не им е важно. Веќе отсега се гледаат контурите на разврската на корона кризата во Македонија. Ќе се дозволи уште еден неконтролиран есенски бран, последниот јуриш на епидемијата, при што ќе прележат и тие коишто до сега не прележале и не се вакцинирале (нивниот број не е мал), ќе умрат тие коишто немале среќа (односно коишто не верувале во вакцините), па до Нова година веќе би требало да впловиме во помирни води. Со 80%-85% прележани и вакцинирани дури и да пристигне некаков нов, уште позаразен сој од Делта сојот, просторот за ширење ќе биде многу стеснет, анализира професорот.
Comments are closed for this post.