Ништо ново од криминалната СДСМ, 30 старо-нови пајташи кои немаат ни 10% реализација на нивните програми кои требаше да донесат Живот во Македонија.Најбитни карактеристики за укажаната доверба од страна на Зоран Заев на кандидатите за градоначалници на СДСМ за овие 30 општини е криминал, скандали и неработа, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Пред само една година на предвремените парламентарини избори, двајца градоначалници кои сега повторно ги предложува Зоран Заев беа фатени еклатантно во извршување на поткуп за изборите. За градоначлникот на Василево, Марјан Јанев и градоначаникот на Дојран, Анго Ангов, кривичните пријави за поткуп на избори не се процесуираа, ама за тоа добија награда од нивниот ментор по криминал Зоран Заев, кандидатура за градоначаници во овие две општини. Исто така заради малтретирање на вработена во општината, за која самата вработена сведочеше за мобингот кој и бил вршен, Велковски од Лозово е почестен со кандидатура за општина Лозово, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека Сашко Николов преку фамилијарната фирма Баргала остави на улица над 100 штипјани.

– Константин Георгиевски наместо да го заштити статусот на Унеско за Охрид, тој ги заштитува дивоградбите на неговите бизнис и коалициони партнери. Градоначалникот на Бутел, освен што трошеше пари за неговите партиски послушници кои си ги вработи во општината и општинските претпријатија, не изгради ниту еден капитален проект. Нема кандидат кој го предложи СДСМ кој не е криминоген, насилник или неспособен. Четири години стагнација на сите општини. Без капитални проекти, без нови работни места, без инвестиции. Само криминал и тендери за блиските луѓе на фамилијата Заеви. Се ближи крајот на најнеспособните градоначалници на СДСМ. Време е Македонија за сите луѓе, додаваат од партијата.