„Луѓето од СДСМ веќе не очекуваат ништо за тоа што видоа што се способни да прават. Граѓаните не очекуваат од СДСМ ништо, прочитав еден наслов скоро беше вика повторно имаме инфлација на ветувања, а за старите лаги воопшто никој не ни споменува. Никој веќе ништо не очекува од нив, јас мислам дека дури ни тие самите не очекуваат. Тие сега се обидуваат како сега со оној полусвет од подземјето да уплашат повеќе луѓе, да заплашат, да притиснат, да поткупат, и на тој начин преку стандардната партиска структура да извлечат некоја илјадарка гласови“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Мицкоски додаде дека тој не очекува дека на овие избори СДСМ ќе прикаже револуционерни проекти за локалните избори.
„Може да погледате колку програмите на градоначалниците се реализирани и ќе ви стане јасно дека 90-тина проценти не се воопшто реализирани. Ниту пак градончалниците на СДСМ имаат абер да ги реализираат. За тоа луѓето не очекуваат нешто посебно од СДСМ“, истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека овие локални избори не само избори, туку се избори за тоа дали Македонија ќе ја биде, ќе потоне во криминал или народот ќе си ја врати земјата.
„А, што ќе направи ВМРО? Ние почнуваме еве екслузивно од следната недела можам да го кажам во оваа емисија со настани со граѓани, во кои што ќе почнеме би рекол тематски да ги соопштуваме генералните правци и понуда да ја реафирмираме со која што ќе излеземе на следните локални избори, но и чекот потоа кога ќе имаме кампања за централната власт“, појасни Мицкоски.
Comments are closed for this post.