Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица ќе поднесат интерпелација за претседателот на Собранието, Талат Џафери. Ова во Собранието денеска го соопштија пратениците Гордана Силјановска-Давкова и Димитар Апасиев.
Денес сакаме да обзнаниме дека заедно со колегата Димитар Апасиев решивме да покренеме Интерпелација за претседателот на Собранието, господинот Талат Џафери. Има многу причини за интерпелација, меѓутоа некои моменти како оној во Европскиот парламент цврсто не уверија дека сега треба да го сториме тоа. Во компаративното уставно право се вели дека претседател на Собранието треба да биде човек со највисок изборен легитимитет, но и со најдлабок, најширок морален интегритет. Значи, претседателите на собранијата важат за најпочитуваните личности. За луѓе на парламентот и за луѓе пред се на опозицијата. За разлика од оваа европска пракса, нашиот претседател не е човек на парламентот, туку е човек на владата, не се однесува како прв меѓу еднаквите туку се однесува како господар на Собранието, а ние се чувствуваме како да сме советодавно тело. Ниту е неутрален ниту е правичен ниту е непристрасен. Не го чува собранискиот куќен ред како добар домаќин затоа што немаме ни календар за работа. Ние сме единствен Парламент во Европа, а можеби и во светот што нема календар за работа, иsтакна пратеничката Гордана Силјановска Давкова.
Таа ги образложи причините според кои ќе бараат да се гласа доверба за собранискиот спикер.
Кога реков конкретната причина што е, значи сите знаете дека во Европскиот парламент господинот Талат Џафери зборуваше на албански јазик, го заборави Уставот, заборави дека во амандманот 5 на членот 7, во ставот 1 пишува дека на целата територија и во меѓународните односи службен јазик е македоснкиот и неговото кирилско писмо. Што значи ова? Господинот Џафери не отиде во Европскиот парламент како граѓанинот Џафери туку отиде како претседател на Собранието и тоа исто така можеби пред да замине требаше да го прочита членот 2, став 2 од Законот за употреба на македонскиот јазик според кој употребата на македонскиот јзик као службен јазик е право и должност на сите граѓани на Република Македонија, а замислете што значи оваа одредба за претседател на Собранието. Затоа што тогаш тој е должен да се држи до Уставот и законите, рече Силјановска.
Comments are closed for this post.