Епидемилошката слика е прилично стабилна и попуштањето на мерките се должи на олабавувањето, генерално на сите мерки. Нашиот став е да се оди во тој правец, согласно емидемиолошката состојба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Заклучно со вчерашниот ден трендот на опаѓање на бројките продолжи. Претходната недела имаше седум, па шест, а вчера пет пациенти на 100.000 граѓани што дефинитивно е знак дека нема промени, потенцира Филипче.

 

Тој додаде дека надлежните се многу внимателни во однос на следењето на состојбата со коронавирусот, пред се со индискиот сој на вирусот кој се појави во повеќе земји.

Ние, како што рече, можеме да го спречиме ширењето со тоа што нема локално да се групираме. Тој потенцира дека е многу важна свеста на граѓаните и почитувањето на мерките кои беа на сила, оценувајќи дека сите научивме да живееме со мерките кои ги препорачува Владата и Комисијата за заразни болести.

Трендовите на намалување на бројките продолжи и нормално е кога има такво намалување на бројките да има попуштање и обратно – ако има некакво зголемување или најава, ќе воведеме некакви рестрикции, рече Филипче.

Министерот за здравство рече дека се уште нема дозвола за работа на затворените дискотеки и веројатно нема ни да има во текот на летото. Тој потенцира дека сега е лето и работат дискотеките на отворено, па нема потреба да се дава екстра простор за групирање.