Деветмина се приведени по вооружената престрелка во Куманово. Од обвинителството информираат дека е пронајдено оружјето од кое е пукано, како и чаурите, кои се предадени на вештачење.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи, извршија увид на лице место.
Престрелката била ескалација на меѓусебните недоразбирања и повеќемесечно нетрпение меѓу две семејства. Нивните меѓусебни расправии, како и претходна тепачка со телесни повреди била веќе предмет на постапување на органите на прогонот.
Синоќа околу 18:30 часот припадници на едно од семејствата се движеле по улицата Тоде Мендол во близина на маркет во Куманово. Во тој момент биле пресретнати од припадници на второто семејство по што започнала физичка пресметка меѓу нив. Во инцидентот било употребено огнено и ладно оружје, а како последица на тоа едно лице се здобило со животно-загрозувачки повреди и починало, а на друго лице му била нанесена убодна рана од нож, информираат од обвинителството.
57-годишниот Веби Маскути, кој беше тешко повреден од огнено оружје во соседска престрелката им подлегна на повредите.
Во моментов деветмина учесници во вооружената престрелка се лишени од слобода. Постои сомнение дека во кривично-правниот настан учествувале уште неколку лица. Во насока на утврдување на фактите во предметот, јавниот обвинител во континуитет презема дејствија.
Comments are closed for this post.