Вооружена престрелка вечерва ги вознемири граѓаните на Куманово. Како што јавува ТВ21, на престрелката и претходела бурна расправија на две кумановски семејства, по која дошло до пукање.

Епилогот е едно рането лице рането, кое со тешки повреди е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје каде што му се укажува лекарска помош.

Лицето било погодено од огнено оружје, а повредени се уште неколку лица кои учествувале во оваа тепачка во која било употребено и оружје.

Полицијата во моментов е на местото на настанот, што се случил во куановско „Диво насеље“.