Благоја Милевски од септември најверојатно ќе застане на чело на македонската фудбалска репрезентација на местото на Игор Ангеловски.

Актулниот предводник на селекцијата до 21 година се очекува да биде нов селектор бидејќи на популарниот Мрме му заврши договорот и се очекува да преземе некој голем европски клуб.

50 годишниот Милевски добро ја познава оваа генерација млади фудбалери со која учествуваше на ЕП до 21 година во 2017 година во Послска.