Низ историјата на европските фудбалски првенства титулата ја имаат освоено вкупно 15 тренери, а ниту еден од нив не успеал да го повтори успехот по втор пат.
Единствениот тренер кој европската титула ја освои со странска репрезентација е Германецот Ото Рехагел во 2004 година со Грција.
Само двајца тренери може да се пофалат со европска и светска титула. Германецот Хелмут Шон, кој од клупата на Германија го освои Европското првенство во 1972 и Мундијалот во 1974 година, додека Шпанецот Винсент дел Боске и ја донесе на „црвената фурија“ европската титула во 2010, а светската во 2012 година.
Највозрасен тренер со европска титула е Шпанецот Луис Арагонес, кој го освои ЕУРО 2008 со 69 години и 336 денови, а најмлад е неговиот сонародник Хозе Виљалонга, кој ја предводеше шпанската репрезентација до европскиот трон во 1964 со 44 години и 192 денови.
Најмногу натпревари на европските првенства, дури 17, има Германецот Јоаким Лев, кој по ЕУРО 2020 ја напушта германската клупа.
Comments are closed for this post.