До 31 мај 2021 година плата на своите вработени не им дале вкупно 181 работодавач кои добиле финансиска поддршка од државата за февруари и март. Од нив, 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 за двата месеца.
Како што соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, не се исплатени 753 месечни плати, а одобрената, но неисплатена финансиска помош е вкупно 12.071.908 денари или 2.738.715 денари за февруари и 9.333.193 денари за март.
Овие работодавачи се од дејностите, од подготовка на оброци и служење храна, 61, од дејноста трговија на мало, 33, од дејноста копнен транспорт, 24, но има и од специјализирани градежни дејности, трговија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли, правни и сметкодовствејни дејности.
Вкупно 181 работоавач ја злоупотребил државната помош и обесправил 753 вработени. Најмногу од работодавачите кои не исплатиле плата се од Скопје, 71, потоа од Тетово 53 и 27 се од Битола, истакна Лукаревска.
Таа потенцира дека на работодавачите кои не дале плати, а земале финансиска помош веќе им се доставени опомени, а по истекот на рокот за опомена почнува постапката за присилна наплата на долгот.
Лукаревска рече и дека продожуваат контролите кај работовачите кои го изиграле законот.
Присилна наплата, информира диекторката, е спроведена кај работодавачите кои не исплатиле плати за периодите април, мај и јуни, како и октовмри, ноември и декември.
Највисокиот износ на финансиска поддршка е 21.776 денари месечно по работник.
Comments are closed for this post.