Судот не ја прифати како доказ изјавата на Зоран Заев во која тој говори за проектот за изградба на старечки домови содржани во неговото УСБ. За судот единствено е прифатлива фотографијата на Боки и Заев со коментарот одоздола.
Судот ги прифати единствено делумно доказите кои се однесуваат за сведоците Стефан Богоев и Јованка Пухар.
За судот беше неприфатливо да бидат изведени медиумски изјави на сведоците туку само тие што се дадени пред судот.
Боки пред судот покажуваше фотографии со како што го нарече поранешниот пријател Богоев како насмеани седнати во ресторан на “блек фрајдеј”.
-Ова фотографија е после неговата победа на локалните избори. На оваа фотографија има над 2000 лајкови. Јас сум злоупотребен,они ги плаќаат за да лајкаат-објасни Боки.
Презентираше и Вибер комуникаација од Кирацовски која гласи:
-Провери, банката се крена за Лилето-напишал Кирацовски со смајли.
Во друга пак Кирацовски го предупредува за Финансиска полиција.
Кога Боки го прашал дали е за него тој му одговара со -не
Comments are closed for this post.