Мухамед Красниќи познат како Командант Малишева, кој е еден од терористите осудени на доживотен затвор за убиството на полицајците во „Диво Насеље“ од затворот „Идризово“ се закани дека ќе падне крв ако им биде земено знамето на Албанија.

Красниќи ова го објави на својот профил на Фејсбук, на кој неодамна побара Албанците да ја искористат измената на Уставот и да побараат поголеми права во Македонија, а кои им следат бидејќи биле уставотворен народ.