Египет започна постапка за проширување на јужниот влез на Суецкиот канал, објави онлајн изданието Egypt Today.
Втората линија на каналот ќе биде продолжена за 10 километри, а делот на јужниот крај, каде има само една линија, ќе биде проширен и продлабочен. Ова се случува по наредбата на египетскиот претседател Абдел Фатах ас Сиси за итно спроведување на предложениот план за развој на Суецкиот канал, чија цел е да се избегне повторно наусукување на друг брод во еден од најважните трговски и морски премини во светот.
Првиот човек на администрацијата на Суецкиот канал, адмирал Осама Рабие, изјави дека ќе бидат ископани паралелни премини од 132-от до 162-от километар, што се наоѓаат во јужниот дел на каналот во близина на Суецкиот залиб, и од 122-от до 132-от километар, што се наоѓаат кај Горчливите езера.
Пред два месеца Суецкиот канал, преку кој минува 12% од светската трговија, беше попречен од огромниот трговски товарен брод Ever Given, а загубата од тоа изнесуваше 400 милиони долари по час.
Comments are closed for this post.