Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази благодарност до Македонија за поддршката во борбата против терористичката Хамас.

Поддршка на Натехјану дадоа и македонското МНР, како и лидерот на најголемата опозициска ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од појасот Газа кон Израел. Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо и дополнително ги зголемува тензиите во регионот. Истовремено го издвојуваме правото на Израел за заштита и одбрана на своето население и територија од нападите на терористичката организација Хамас, напиша на фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој упати апел кон политичките лидери во Израел и во регионот да продолжат со вложување на искрени напори за деескалација на судирите и одлучно да дејствуваат против екстремизмот кој создава сериозни безбедносни проблеми и го загрозува животот на цивилното население.
-Изразуваме длабоко сочувство за секој изгубен живот и посакуваме што побрза деeскалација на состојбите, што би значело мирен и безбеден живот за сите граѓани во тој регион, напиша на ФБ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

И Министерството за надворешни работи се придружи на официјален Брисел во осудата на неселективните напади на палестинскoто движење Хамас врз Израел.

Македонската дипломатија го реобјави твитот на челничката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во кој таа го осудува однесувањето на Хамас.

Многу сум загрижена од ситуацијата во Израел и Газа. Јас ги осудувам неселективните напади на Хамас врз Израел. Цивилите од сите страни мора да бидат заштитени. Насилството мора да заврши сега”, пишува во пораката за јавноста што ја реобјави МНР.