Челниците на ЕУ беа јасни во разговорите со Зоран Заев за време на неговата посета на Брисел.Тоа е дека Македонија не може да почне преговори доколку не го реши спорот со Бугарија, а доколку тоа не се случи не е исклучено Албанија сама да ги почне пристапните преговори.
Македонија не може да започне разговори за членство со Европската Унија доколку не го реши спорот со Бугарија. Ова го изјавила претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев
Слична порака испрати и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеjи. Тој во интервју за унгарската ангенција МТИ исакнува дека однос на континуираното бугарско вето за почеток на преговорите со Македонија, Вархеји истакнал дека ЕУ вложува големи напори да се реши таа ситуација.
„Aко тие напори пропаднат, ќе мора да го разгледаме покренувањето меѓувладини разговори само со Албанија“, изјавил Вархеји.
Според БГНЕС Заев во Брсел велел дека Македонија нема намера да започне преговори за македонскиот идентитет и јазик. Сепак, пишуваат од БГНЕС.бг овие два услови не се појавуваат меѓу барањата на Софија, од каде секогаш и на сите нивоа се изјавувало дека нема никакви претензии кон македонскиот идентитет и јазик.
Comments are closed for this post.