Ситуацијата во Вардар и понатаму не е решена, клубот е пред испаѓање во втората лига, но она што повеќе загрижува е финансиската состојба која е очајна.

Се споменуваше дека Вардар може да биде вратен на Град Скопје, но градоначалникот Петре Шилегов во изјава за „Сител“ уште еднаш потврди дека тоа нема да се случи. Шилегов нема намера градот да го преземе клубот со долг од 3.5 милиони евра.

„Вардар е приватен клуб. Некој одлучил да го продаде, а не нашол механизам како да се покријат трошоците. Јас не можам да го земам клубот со долг од 3,5 милиони евра“, изјави Шилегов.

Се најавуваше и голема инвестиција од Катар и според зборовите на Шилегов таа приказна не е затворена.

Фото: ФК Вардар

„Инвестицијата од Катар не е затворено прашање. Се додека не добиеме гаранција за враќање на средствата, повторувам дека нема да го земеме“, посочи „таткото на градот“.