Во клиниката “Comac Medical” на бугарскиот бизнисмен, филантроп и прв човек на фондацијата „Бугарско сеќавање“, Милен Врабески до сега биле вгакцинирани 70 лица, но ниту едно од нив не било од Македонија, пишува софиски „Дневник“.
На 20 април годинава Врабески на Фејсбук објави дека од утредента во неговата болница ќе можат да се вакцинираат „нашите браќа и сестри од РС Македонија“ со вакцините „Фајзер/Бионтех“ и „Модерна“.
Неговиот потег уследи откако голем број граѓани од Македонија масовно се вакцинираа во соседна Србија, а тука беше поздравен како добар гест.
Но, во изјава за денешен „Дневник“, Врабески нагласува дека до сега биле вакцинирани 70 лица и „ниту едно од вакцинираните не е С.Македонија“. Целта на неговиот пост, според него, била само да започне запишувањето на оние кои имале желба да се вакцинираат, а вакцините ќе биле давани, откако ќе добиел доволно количество од нив.
Врабески тврди дека во блиска иднина со негова соработка со државните институции ќе бидат отворени два погранични пункта за вакцинирање на лица од Македонија, кои имаат бугарски пасоши. Пунктовите ќе биле отворени во Логодаж кај граничниот премин Станке Лисичково-Делчево и во Златарево.
Наспроти сите најави и ветувања на официјални лица од Софија, до сега Македонија нема добиено ниту една вакцина од Бугарија.
Comments are closed for this post.