Вакцинацијата против Ковид-19 во земјава почна на 17 февруари. Од 5 април почна помасовна вакцинација во вакциналниот пункт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, каде покрај здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација. Заклучно со 2 мај со „Фајзер“ вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со „Спутник В“ 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со „Астра Зенека“ вкупно 21.949 и со „Синофарм“ се вакцинирани 953 лица