Денеска, како делегација на ВМРО-ДПМНЕ се поклонивме на гробот на еден од најголемите великани и борци за македонска независна и самостојна држава. Се поклонивме пред човекот кој што беше визионер и човекот кој што уште во 19-ти, 20-ти век размислуваше за автономија и за самостојна македонска држава.
Ние знаеме дека Гоце Делчев беше човекот со луѓето од револуционерната организација, македонската револуционерна организација кој што во секој македонски дом направи револуционерно огниште. И од тогаш започна единството, од тогаш започна борбата и резултатите дури сега се видливи дека ние имаме самостојна независна држава во овие изминати триесет години.
Во однос на прашањето со Бугарија, и во однос на она за Гоце, од она што го имаме прочитано и што знаеме и анализираме во однос на Гоце Делчев, ние гледаме дека Гоце Делчев се борел за самостојна, независна Македонија. Немам прочитано и немам видено дека нешто направил за бугарската држава. Бидејќи за некој да биде револуционер на некоја држава требал да се борел и да загинел за таа држава. Гоце Делчев загинал за самостојна и автономна Македонија,вели Ѓоргија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.