Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави денеска дека формирањето војска на Косово е предизвик и закана по безбедноста во регионот. Тој, исто така, оцени дека српскиот претседател Александар Вучиќ со право е загрижен поради случувањата во Косово.

Формирањето војска на Косово покажува намера и каква политика сакате да водите и каква е потребата да се формира каква и да е вооружена формација. Што ќе ви е војска, за што таа служи, против кого ќе се борите, ќе ја нападнете Црна Гора, Северна Македонија, силите на КФОР, Албанија? За што служи? Ако ви служи за борба против Србија, веднаш распуштете ја бидејќи Србија нема намера да ја напаѓа својата јужна покраина и нема намера да учествува во какви било војни или судири – ги праша Вулин косовските власти.

Тој оцени дека војската на Косово „очигледно треба да служи само за тоа и тоа е единствената идеја