Вечерва во емисијата „Само интервју“ претседателот Стево Пендаровски посочи дека луѓето од случајот 27-ми април не се терористи и треба да се отвори повторно случајот и да се приложат нови докази, бидејќи казните се драконски високи.
-Јас луѓето првично ги прашував околу мене за какво кривично дело се гонат, јас знам дека такво кривично дело мислам формулација таква немаше на времето ниту во бивша Југославија, ниту во 90-тите години. Тоа е подоцна прифатено. Бидејќи јас нешто знам околу тероризмот и околу безбедносните проблеми и дилеми, јас тврдам дека тие луѓе не беа терористи што влегоа, нагласи Пендааровски.
Пендаровски додаде дека луѓето кои влегоа внатре не се терористи, дури и оние кои што физички напаѓаа луѓе. Тие физички кои што напаѓаа луѓе треба да одговараат за претепување, како што беше за Зијадин Села и Радмила Шекеринска. И за организирање на таков настан 18 години се многу.
На Мицкоски изјавата беше на место, единствен начин со кој што можеш да ја расчистиш маглата ако мислиш дека ја има околу целиот тој настан е со нови докази, со нови сведоци евентуално, и да бараш преотворање на случајот. За тоа што јас инсистирам како легалист до смрт ние мораме да одиме по правните процедури, рече Пендаровски.
Comments are closed for this post.