Бројот на хоспитализирани поради ковид минимално се намалува, а во последното деноноќие вкупно во ковид-центрите низ земјава се лекуваат 1 237 пациенти од кои 722 во болниците низ земјава, а 515 пациенти на инфективните оддели во Скопје.
Во последните 24 часа, во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а во истиот период се оздравени 67 лица.
„Во ковид-центарот во ГОБ ‘8 Септември’ имало 14 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден болен, исто како и на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени двајца нови пациенти“,
информираат од Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 97 пациенти, во Штип 60, а на инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти.
Во Велес се лекуваат 84 болни, во Куманово 82 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19, додека пак во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 80 пациенти.
„Во Прилеп 75, во Гостивар 22, а во Струга 15 пациенти позитивни на ковид. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 17 во Кичево 25, Кавадарци 37, а во Гевгелија 12 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“,
велат од Министерството.
Во моментов има околу 670 слободни кревети во ковид-центрите низ земјава.
Comments are closed for this post.