Денеска сме тука во Битола во Оризари дојдовме да оддадеме почит на Бошко и неговите соборци кои што пред 20 години ги положија своите животи за Македонија, за нејзината државност, самобитност, слобода и тој спомен не треба да се заборави, изјави денеска за медиумите, Антонијо Милошоски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Тоа што исто така сакам да го споменам е дека тука на ова место каде што Иницијативниот одбор од Оризари го направи ова спомен обележје, сметам дека во скора иднина со една подобра локална самоуправа може да биде и добар спортски рекреативен центар за жителите за оваа населба која што е голема населба. Она што сакам да го истакнам дополнително по однос на Битола и локалните избори кои што доаѓаат, гледаме дека не е само Петре Шилегов тој кој што важи за мрзелив градоначалник, веројатно голема конкуренција може да му прави и градоначалничката Наташа Петровска за која што гледаме од самата Битола и населбите во околината дека нема остварено ниту 5 проценти од она што го ветуваше во пред изборната кампања, вели тој.
– И сметам дека битолчани ќе знаат како тоа да го оценат на следните локални избори, каде што според мене има многу добро расположение со добар кандидат и реална програма опозицијата да направи сериозен резултат, посочи Милошоски.
Comments are closed for this post.