Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија Жеозеп Борел потврди дека Западен Балкан ќе добие 651.000 дози од вакцината против Ковид-19 на Фајзер, од кои најмногу дози – 214.000, ќе добие Босна и Херцеговина.
Станува збор за набавка на вакцини преку Европската комисија, а под координација на Австрија.
Според медиумите во БиХ, ова било кажано за време на разговорите на високиот претставник на ЕУ со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ.
Членовите на Претседателството на БиХ и високиот претставник на ЕУ Борел разговараа за актуелната политичка состојба во регионот на Западен Балкан.
Западен Балкан ќе биде една од главните теми на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, што ќе се одржи на 10 мај во Брисел.
Comments are closed for this post.