Сојузот на синдикати на Македонија на 1-ви мај излегува на протест под мотото: „Здружени со иста цел“.
–Празникот на работниците, 1-ви Мај, го одбележуваме загрижени за своето и здравјето на нашите семејства, за голем број од нас во услови на намалени плати, откази на договорите за вработување и грижа за нашата елементарна егзистенција. Ги повикуваме сите работници, кои ги препознаат нашите вредности и заложби, да се приклучат во семејството на ССМ, семејство на рамноправни членови, работници и граѓани, кои не сакаат само да критикуваат, туку сакаат дирекно да се вклучат со сиот свој капацитет и потенцијал, во креирањето и градењето на државата, велат од ССМ.
Протестот ќе почне во 10:30 пред зградата на ССМ, а од Синдикатот бараат од сите учесници да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од Ковид-19.
❗СИНДИКАЛЕН МАРШ❗
🕥почеток 10.30ч на 1 Mај 2021 година пред зградата на ССМ во Скопје❗
🗣Го одбележуваме Меѓународниот…
Posted by Сојуз на синдикатите на Македонија on Tuesday, April 27, 2021
Comments are closed for this post.