Претседателот Стево Пендаровски на 27 и 28 април 2021 година ќе престојува во работна посета на Брисел, каде е предвидено да оствари средби со челниците на Европската Унија и на НАТО.
Во вторник, 27 април, претседателот Пендаровски ќе оствари средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, со Комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, со европратеникот и известител за Република Македонија, Илхан Кјучук, како и со Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Во среда, 28 април, претседателот Пендаровски ќе оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Comments are closed for this post.