Иницијативата за отворање на културните центри – српскиот во Скопје и македонскиот во Белград е од непроценливо значење за културните врски, но и за самиот српски народ кој живее во земјава. Секако, и за сеопфатни зајакнувања на културната размена и понуда, вели за весникот ВЕЧЕР Милутин Станчиќ, директор на Управата за унапредување на јазиците на заедниците
Во услови на засилените и охрабрувачки настојувања за продлабочување на добрососедските и пријателски односи меѓу Србија и Македонија сметам дека со оваа иницијатива, предлог – рамка, уште повеќе ја пoдобруваме и зацрвстуваме соработката и најавите на македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ за отворање на културните центри – српскиот во Скопје и македонскиот во Белград. Иницијалниот предлог го изложивме со градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ со изнаоѓање на идеална локација и адекватен простор. За македонскиот културен центар во самата срж на централната градска четврт во српската престолнина, но, исто така за српскиот е обезбедена локација во Скопје со концепт и содржинска структура. Поддршката која ја имавме од премиерот Заев само нè охрабри да ја интензивираме и продлабочиме и поддршката од претседателот на Србија Вучиќ. Морам да напоменам дека ова е од непроценливо значење за културните врски, но и за самиот српски народ кој живее во земјава. Секако, и за сеопфатни зајакнувања на културната размена и понуда, а во добра мера несомнено веќе ги потврдуваат изодените чекори и дела низ 15-годишните искуства на дејствувањето на Српскиот културно информативен центар „Спона“ од Скопје, како граѓанско здружение, вели Станчиќ.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.