Сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска поднесе документи за кандидатура за трет мандат на претседателските избори, закажани за 26 мај, изјави претседателот на парламентот за државните медиуми.
Изборните правила налагаат кандидатите да живеат во Сирија најмалку последните 10 години, што практично го оневозможува кандидирањето на клучните опозициски фигури, кои моментално се во избеглиштво, објави „Ројтерс“.
Сиријците кои живеат во странство ќе можат да гласаат на 20 мај.
Претходните претседателски избори во Сирија се одржаа во 2014 година.
Вашингтон и сириската опозиција ги оценија изборите како фарса осмислена да го „зацементира“ владеењето на Асад.
Comments are closed for this post.