Продолжува праксата на самоволие и непочит кон деловникот од страна на Коалицијата СДСМ-ДУИ, рече на прес-конференција Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Македонската јавност треба да знае дека Собранието и граѓаните, за жал, се заложници на Зоран Заев и Талат Џафери и нивната свесна неспособност да менаџираат со институциите во екот на најголемата глобална здравствена и економска криза. Целта на овој начин на работење е да се замолчи опозицијата. Целта на овој начин на работење е да се претвори Собранието во институција која ќе биде слуга на тесните интереси на оваа Коалиција за неправда. Побаравме на денешната Седница да се стават на Дневен ред интерпелациите за Љупчо Николоски и Бојан Маричиќ. Граѓаните секојдневно се сведоци за зголемен степен на корупција. Граѓаните секојдневно гледаат дека нема ниту еден чекор насочен кон реформа на правосудството. Тоа го нотираат и сите релевантни меѓународни институции. Затоа, потребно е час поскоро да се отвори Седница за одгворност токму на министрите кои се надлежни во овие две области. Но, Претседателот на Собранието спротивно на деловникот денес правеше се за да се спречи Седница со интерпелација на дневен ред, истакна Мицевски.
Веројатно, заради реалноста која сите ја гледаат, мнозинството прави се за да не се оддржи седница за интерпелација. Ова однесување е неодговорно, спротивно на сите демократски начела и го претвара Собранието во Собрание на авторитарна држава. Токму ваквите чекори го потврдуваат атрибутот хибриден режим, додаде тој.
Comments are closed for this post.