Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ синоќа беше фотографиран како седи во еден од скопските ресторани во Дебар маало во време на полициски час и во период кога е на сила забраната за работа на угостителските објекти.
Ваквата постапка на Богдановиќ наиде на низа реакции во јавноста.
Откако медиумите го објавија скандалот, Саша Богдановиќ на својот фејсбук профил излезе со пост со кој практично признава дека кршел закони и полициски час, поради тоа што морал да го „смести“ новото засилување на КК Работнички, кошаркарот Иван Аска.
„Го сместивме Иван Аска, новиот играч на КК РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ. За брзо време почнуваме со нашето засилување во Градски Парк“, напиша Богдановиќ под фотографијата.
Инаку, Богдановиќ беше фотографиран во хотелот „Сити Парк“, поточно во ресторан кој е сместен во самиот хотел.
Comments are closed for this post.