Патувањето во Мексико на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е една од причините поради која обвинителката Ивана Трајчева, се сомнева дека тој може да избега. Втората причина поради која беше побаран ефективен притвор е влијанието врз сведоци, за што, Трајчева тврди дека Рашковски веќе се обидел да го направи тоа. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, веќе поднесоа и жалба на одлуката за куќен притвор, но до овој момент, нема одлука од Кривичниот совет. „А1он“ дознава дека иако Рашковски го променил и телефонскиот уред, сепак, Обвинителството преку друг вид на комуникација обезбедило докази преку кои се гледа неговото посочување како да биде креиран тендерот.
„Анализирајќи ги сите факти и околности, оцени дека постои реална опасност осомничениот да се даде во бегство, особено ако се земе предвид дека тој неодамна се врати од патување во Мексико, а Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не може да знае дали посетата на таа држава била туристичка или со цел да се создаде простор за евентуално бегство. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција прибра доволно докази кои беа презентирани пред судијата на претходна постапка дека осомничениот се обидува да влијае врз сведоци, како и дека прави обиди за прикривање на трагите од стореното кривично дело“, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за „А1он“.
Текстот во целост на: „А1он“.
Comments are closed for this post.