Бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов бил опериран во софиската болница „Софијамед, објави медицинската установа. Интервенцијата била извршена синоќа поради повреда на десното колено, добиена за време на фудбалски натпревар.
Според извештајот, по скенирањто во болницата Пирогов, утврдена е повреда на внатрешниот менискус на зглобот со дислокација на дел од него.
Борисов се опоравува по интервенцијата и ќе остане под опсервација, додаваат од болницата.
Неговата состојба е добра, рекол д-р Антони Георгиев, раководител на Клиниката за артроскопска трауматологија во болницата „Софијамед“
Тој се повреди за време на рекреативно играње фудбал. Ги класифицираме како повреди на торзијата и дали некој го повредил на нозете или самиот направил погрешен потег, не можеме да прецизиравме. Во принцип, овој вид на повреди е една од најболните и се препорачува хируршки третман без одлагање. Операцијата е мини-инвазивна, па затоа не е од тежок карактер за пациентот“, вели Георгиев.
Во среда, тој требаше да се појави на првото сослушување во 45-тото национално собрание.
Comments are closed for this post.