Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави ироничен коментар за изјавата на вицепремиерот Љупчо Николовски, кој најави дека Владата ќе ги ограничела трошењата на министрите за угостителски услуги.

Мицкоски, го прашува Николовски дали со такво штедење за угостителски услуги успеал да си купи скапи компјутери, облека, рачни часовници …

Владата ги ограничува трошењата на министрите за угостителски услуги, https://vlada.mk/node/24895.

 

➡️ Сигурен сум дека вицепремиерот ревносно штедел од тоа што му следува и од платата си дозволил нов „Мекбук“ од 100.000 денари…

 

➡️ Или пак за новите патики купени од шопингот во Дубаи…

 

➡️ А штедејќи ги платите изминатите пет години одлучил да ги вложи во луксузни рачни часовници…

 

Одговорност ќе има, бидете сигурни – истакна Мицкоски.

Владата ги ограничува трошењата на министрите за угостителски услуги, https://vlada.mk/node/24895.

➡️ Сигурен сум дека…

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, April 15, 2021