Владата  го демантира текстот на „Пресинг ТВ“ со наслов „Заев потврди дека возачот на неговиот братучед е фатен со дрога“ .

Оттаму велат дека насловот наведува на тврдење на премиерот Заев кое што тој не го кажал.

Напротив, во изјавата тој вели дека уапсеното лице не е вработено во семејните фирми на Заеви ниту пак комбето е во сопственост на овие фирми. Насловот е во целосна спротивност со содржината на текстот под него и затоа бараме да се коригира и со тоа да ги заштитите вашите читатели и да придонесете во заедничката битка со лажните вести.