Малопродажбата на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 0,50 денар/литар со одлука за Регулаторната комисија за енергетика за новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе изнесува 67,00 денари по литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 69,00 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини изнесува 57,50 денари.
Кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) состојбата не се менува и изнесува 58,00 денари, откако Регулаторна комисија за енергетика за една недела три пати донесе нова одлука за промена на цените.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 денари и сега изнесува 34,266 ден/кг.
Comments are closed for this post.