Германската канцеларка Ангела Меркел ја откажа регистрацијата за вакцинација против КОВИД-19.
Вакцинацијата на Меркел беше закажана за 11 април, а според планот за вакцинација, таа требаше да биде имунизирана со АстраЗенека.
Сепак, регистрацијата е откажана преку онлајн платформа која содржи распоред на пациенти кои треба да се вакцинираат и преку неа секој може да го задржи или откаже датумот и времето на имунизација.
Канцеларката Меркел мораше да ја одложи вакцинацијата поради состанокот помеѓу раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), информира германскиот весник Билд.
Владиниот портпарол Стивен Зајберт изјави дека Меркел ќе ја информира јавноста кога ќе биде вакцинирана.
Comments are closed for this post.