Јован Вукотиќ, осуден криминалец е еден од лицата кои имале фалсификуван македонски пасош. Во емисија на спрската телевија „Хепи“, адвокатката на Вукотиќ говори за македонскиот пасош кој го поседува.

Адвокатот Зора Добричанин пред осум месеци на српската телевизија Хепи во емисија зборуваше за криминалните кланови со оригинални македонски пасоши.

Јован Вукотиќ е донесен во Србија од Турција, наводно поради тоа што користел македонски пасош со своја фотографија и друго име. Но, тој пасош беше целосно оригинален. Со вештачење е утврдено дека пасошот е автентичен и никогаш не го користел на територија на Република Србија, истакна адвокатката Добричанин во емисијата.

 

Ова се поврзано со аферата „Мафија“ – издавање пасоши на криминалци од различни кланови од страна на власта, која што ја објави ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Антонијо Милошоски денеска на прес-конференција објави дека власта дала македонски пасоши на терористи од ИСИС.

Вукотиќ поминал неколку граници со македонска патна исправа, а на сведочење во суд во Белград, кажал дека истиот го добил легално од МВР.

Кој и како ги договарал овие нарко – босови и колку чини македонскиот пасош продаден на криминални структури од Балканот и светот?

Што се правеле овие криминални структури со македонскиот идентитет и дали овие идентитети биле злоупотребени за убиства, перење на пари, и други кривични дела?

Истрага според законот трае максимум 18 месеци, а преку 40 месеци Оливер Спасовски не мрднал со прст за тоа како Вукотиќ добил македонски пасош за кој во Србија веќе одлежа затвор.

Спасовски и Заев се на врвот на аферата „Мафија“, тие овозможиле логистика за нарко – босови, а денес одговорноста ја префрлија на обични службеници. На тој начин тие признаваат дека се главните виновници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.