Сан Марино не е ниту во НАТО, ниту во Европската Унија. Затоа, Сан Марино нема никакви политички надмудрувања, реваншизми и тактизирања. Откако во февруари почна вакцинација со вакцината на Pfizer/BioNTech со која веќе половина од населението кое брои 33.600 жители до завчера се извакцинира (вкупно 13.832 жители), оваа енклава продолжува до 100% со новите количини од Спутник V.

За децата под 16 години вакцината ќе продолжи да се одвива со преостантите количини од Pfizer/BioNTech, додека сите останати продолжуваат со Спутник V.

Со оглед на малиот број ан населениот, иако Сан Марино доцна ја почна вакцинацијата, на повидок е таа да стане првата европска земја со целосна имунизација од COVID-19.