Настрана од внатрешните политички импликации случајот „Мафија“, со издадени 215 македонски пасоши со лажен идентитет на меѓународни нарко – швецвери, на МК може да и создаде сериозни проблеми по однос на безвизниот режим кон земјите членки на ЕУ. Доколку нема сериозна истрага на Интерпол и ЕУ за овој скандал, се ризикува безвизниот режим да биде ограничен, или да биде суспендиран, пишува на Фејсбук Антонио Милошоски.

Да се потсетиме на реакцијата на Холандија која во мај 2019-та побара укинување на безвизниот режим за албанските пасоши со образложение дека „криминалните организации преку Албанија ја злоупотребуваат можноста да патуваат без визи низ Европа и ја шират мрежата за криумчарење“, за што холандскиот парламент усвои и резолуцијата.

Од сите 215 лажни пасоши кои македонското МВР ги издало на меѓународни нарко-босови во аферата “Мафија” може да се издвои оној со лажниот пасош на име Таќо Вурмо издаден на Waleed Issa Khamays, вториот човек на италијанската мафија #Ndrangheta, кој бил задолжен за логистика на пратките со кокаин од Бразил до Западна Европа. Овој нарко бос од 2017та година е еден од најбараните нарко-мафијаши од страна на Италија, но и од целата ЕУ, преку Интерпол. И додека вториот човек на мафијата во Италија, заради меѓународната потерница не смеел и не можел да влезе ни во Хрватска, ни во Србија, ни во Бугарија, успеал во јануари 2019 година да влезе во Македонија, а самиот негов влез во земјава отвара сериозна дилема за нефункционалниот систем на контрола на границите од страна на МВР. Со влезот во земјава и издавањето на македонски пасош на Waleed Issa Khamays, Македонија не само што им направила проблем на истражните органи во Италија, туку станала и сива зона за мафијашите по кои трага Интерпол.

Безвизниот режим за ЕУ е систем на ефикасна гранична контрола, високи стандарди и меѓусебна доверба. Во случајот на издадените 215 пасоши на меѓународни мафијаши Македонија потфрлија во граничната контрола и во взаемната доверба со членките на ЕУ. Затоа ќе мора многу темелно и заеднички со ЕУ да се истражи случајот „Мафија“, се со цел да не се загуби стекнатата привилегија за безвизно патување со македонски пасош во земјите на ЕУ.

📌Настрана од внатрешните политички импликации случајот “Мафија”, со издадени 215 македонски пасоши со лажен идентитет на…

Posted by Antonio Miloshoski on Friday, April 9, 2021